Македонската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски меч со Хрватска

696

Македонската А репрезентација на 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум  дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

ПретходноМЗТ Скопје е најдобариот тим за 2023, изненадување во изборот за тренер на годината!
СледноКејн vs Бундес-лигата – љубов на прв поглед