По се изгледа куса беше одисејата на Сандеј Адетунџи во Чукарички, Некогашниот напаѓач на Шкупи, за само 7-8 месеци ќе игра во трет клуб кој што доаѓа од екс – СФРЈ.
Имено како што пишуваат медиумите во Србија, Нигериецот го напушта Чукарички и се сели во Словенија, тој е пред потпис со тимот на Цеље.
Да потсетиме дека Сандеј имаше блескаво деби во дресот на Чукарички, кога и даде гол на Ц. Звезда за победа на Чукарички.