Реал Мадрид не им дозволува на навивачите да ги ставаат имињата на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, на дресовите што ги купуваат во продавниците на клубот, пренесува „SER Deportivos“.
Според информациите во фан шопот на Реал Мадрид, можно е да се стават имиња на секој од играчите на „кралевите“ или имиња на индивидуално барање, но клубот го одбил барањето на двајца навивачи кои побарале да се стави имињата на Халанд и Мбапе на купените дресови на Реал.
Околу Божиќ во печатот се појави информација дека Реал Мадрид подготвува документи за договор со Мбапе на почетокот на јануари.