Јасно е дека барем засега ретко кој во светот на фудбалот, освен Реал, Барса и Наполи, јасно ја искажува поддршката за Суперлигата. Но има и такви кои се за, посебно медиумите или новинарите кои се блиски до “кралевите“ од Мадрид.
Па така новинарката Аранча Родригез, лиферува “бомба“ во која се вели дека раководството на Суперлигата гарантира инвестиции од 15 милијарди евра за три години.
Од петте милијарди евра кои ќе им се исплаќаат на клубовите по сезона, најмалку 400 милиони ќе одат на сметка на помалите клубови од т.н. Солидарен фонд, нешто што и УЕФА го има.
Инаку пред неколку дена од Шпанија дојде веста дека за почеток раководството на Суперлигата има намера им даде по една милијарда евра на Реал и Барса, се разбира ако заживее Суперлигата и тоа како награда.