Навистина неверојатна вест дооаѓа од селекцијата на Гвинеја и тоа пред стартот на Афрликанскиот Куп. Имено пред неколку месеци оваа селекција одигра пријателска средба со Бразил, а репрезентативецот на Гвинеја, Морлаи Сила, добил подарок дрес од ѕвездата на Реал Мадрид, Винициус. И до тука нема ништо спектакуларно, но “приказната “ продолжува со тоа што посочениот дрес од Винициус го снемало во соблекувалната. Тој прво ги обвинил соиграчите, но потоа јавно кажал дека селекторот Кабу Дијара го “позајмил“ дресот.
Што секако дека е шокантно.
По ова на селекторот не му преостанало ништо друго освен да го избрише од списокот тој фудбалер за претстојниот Африканскиот Куп.