Челзи нема проблем да го продаде Галагер за 55 милиони евра

218

Играчот од средниот ред и заменик капитен на Челзи, Конор Галагер, би можел да го напушти лондонскиот тим во претстојниот зимски преоден рок. Ова го објави новинарот Бен Џејкобс.

Според него, Тотенхем останува главен претендент за потписот на англискиот играч за врска. „Сините“ се подготвени да го продадат играчот, но само под услов за него да се плати утврдената сума која е во висина од 50 до 55 милиони евра.

Галагер е дете на Челзи, а оваа сезона, играчот од средниот ред одигра 22 натпревари за „сините“ на кои постигна четири асистенции.

ПретходноИлјадници играчки го покрија паркетот во белградска „Арена“ (ВИДЕО)
СледноВиртус ја доби драмата во Белград, Фенер победи во турското дерби