Американката Микаела Шифрин славеше на денешниот велеслалом што се одржа во Линц, Австрија. Шифрин славеше откако го одбрани водството по првото возење со вкупно време од 2:05.98. На второто место се најде Италијанката Федерика Брињоне, со заостанување од 38 стотинки. Трета заврши Швеѓанката Сара Хектор (+0,45).
Во поредокот за велеслалом, Брињоне води со 400 бодови пред Швајцарката Лара Гут-Бехрами (365) и Шифрин (320).
Во генералниот пласман Шифрин е прва со 800 бодови, пред Брињоне, која има 637.