Бојан Миовски на радарот на тим од Чемпионшип

1458

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски би можел да стане член на Саутемптон. Според англиските медиумите по добрите игри во дресот на Абердин, челниците на клубот се подготвени да преговараат со шоктскиот тим за услугите на Миовски.

Македонскиот репрезентативец постигна 18 гола во својата дебитантска сезона во клубот и уште еднаш блесна во актуелната сезона, постигнувајќи 14 гола досега во сите натпреварувања на 27 настапи.

Како што пишува Дејли рекорд, човекот задолжен за ангажман на фудбалери, Дарен Моубри силно притиска за купување на Бојан Миовски.

Тој внимателно го следел напаѓачот и планира да го придобие 24-годишниот играч кога ќе се отвори јануарскиот преоден рок следната недела. Мовбреј е свесен за зголемениот интерес и сака Саутемптон да застане цврсто во борбата за Мивоски доколку Абердин го продаде.

Покрај Саутемптон, одреден интерес за Миовски покажува и шкотскиот гигант Селтик.

ПретходноСкандал: Претседател на АБА-лигашки тим е уапсен поради шверц со цигари
СледноПогледнете како Гвардиола му држеше лекција на Гвардиол (ВИДЕО)