Брајтон го торпедираше Тотенхем, Еступињан постигна евро-гол (ВИДЕО)

236

Брајтон го „растури“ Тотенхем осо 4:2 во еден од двата последни меча во 19. коло во Премиерлигата вечерва. Домашните фанови добија вистинско новогодишно уживање особено според начинот на кој домашните го одиграа мечот.

Брајтон водеше со 4:0, па Тотенхем во финишот само го ублажи и онака високиот пораз кој ја прекина серијата од три победи.

Се започна во 11. минута кога Хиншелвуд погоди за 1:0, а асистент беше Жоао Педро, кој во 23. минута и самиот се запиша меѓу стрелците со гол од пенал за 2:0.

Во продолжение во 63. минута целиот стадион се крена на нозе кога Еступинан постигна евро-гол за 3:0 (ВИДЕО), а Жоао Педро им зададе завршен удар на гостите со гол за 4:0, повторно од пенал во 76. минута.

Тотенхем во 81. минута намали на 4:1, а во 86. минута кога Дејвис на асистенција на Поро погоди за 4:2.

ПретходноПАО доминантен против Ц. Звезда, Реал се провлече во Франција
СледноАко играат во Суперлигата, италијанските клубови нема да добијат лиценца за Серија А!