Водечкиот во Светскиот куп со хеликоптер пренесен во болница! (ВИДЕО)

145

Марко Шварц по тешкиот пад на спуст патеката во Бормио, се здоби со повреда на коленото и мораше со хеликоптер да биде пренесен во болница.

Скијачот од Австрија кој до денеска беше водечки во Светскиот куп, прво излета од патеката, а потоа беше пренесен во болница. Неговиот пад го искористи Марко Одермат кој со денешното второ место во Бормио го мина Шварц на водечкото место во Светскиот куп.

Изненадувачки победник на денешната трка беше Циприен Сарацин од Франција.

ПретходноОфицијално: Раде Стојановиќ е нов тренер на ГРК Тиквеш! (ФОТО)
СледноДон Флорентино и Дон Карло се договорија: Италијанецот останува во Реал Мадрид до јуни 2025!