Далиќ: Македонија е одличен противник, ремизираше против Италија и Англија

2277

Македонската фудбалска репрезентација на 3. јуни ќе одигра пријателски меч против Хрватска во Ријека. Селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ во изјава за тамошната федерација истакна дека Македонија за нив е одличен противник во првата фаза од подготовките за настап на ЕУРО 2024 година.

„Македонија ни е одличен противник во таа прва фаза од подготовките за ЕП. Тоа е репрезентација која есенва ремизираше дома со Италија и Англија, што покажува дека ни претстои вистински тест преку кој ќе дознаеме каде сме во тој момент и што треба уште да работиме пред да заминеме во Германија. Со оглед на тоа дека подготовките се Ријека, сакавм да избегнеме дополнително патување, па овој договор исполнува се што сакавме од тоа прво натпревар во јуни“, изјави тренерот Златко Далиќ.

На Европското првенство Хрватска е сместена во групата Б со Шпанија, Албанија и Италија.

ПретходноКејн vs Бундес-лигата – љубов на прв поглед
СледноСкандал: Претседател на АБА-лигашки тим е уапсен поради шверц со цигари