Дончиќ повторно го воодушеви целиот свет, Далас „прокоцка“ +20 (ВИДЕО)

1324

Лука Дончиќ повторно ги импресионираше сите и постигна 39 поени со седум скока и шест асистенции, но тоа не беше доволно за Далас да го победи Кливленд на домашен терен. Поранешните НБА шампиони славеа изненадувачки со 113:110. Карис Леверт постигна 29 поени, Џерет Ален 24 и 23 скока.

Далас водеше со 20 разлика во еден момент, на неколку минути пред крајот беше 101:91. Но, Кливленд со серија од 15:0, стигна до 111:105 и успеа да крајот да ја сочува предноста и да победи.

Дончиќ го заврши првото полувреме со 29 поени, но неговата една асистенција на крајот од првата четвртина беше всушност неговиот најдобар потег. Словенецот во контранапад извлече двајца противнички играчи, а потоа преку глава го најде Кари во левиот агол. Одбраната доцнеше, а братот на многу попознатиот Стеф Кари беше прецизен за тројка и апсолутно воодушевување на публиката. Натпреварот го заврши со 19 поени.

Резултати: Орландо – Филаделфија 92:112, Вашингтон – Торонто 102:132, Бруклин – Милвоки 122:144, Хјустон – Феникс 113:129 и Оклахома – Њујорк 129:120.

ПретходноНаполи со специјално видео му се поклони на Елмас (ВИДЕО)
СледноРеал не им дозволува на фановите да купуваат дресови со имињата на Мбапе и Халанд