Во Италија наголемо се говори дека Милан по цели четири години ќе го смени тренерот Стефано Пиоли. И не само поради лошите резултатот на тимот во последно време туку и поради наводниот конфликт кој тој го имал со челниците на клубот.
Прва желба на Милан е Антонио Конте, но тој е премногу скап за клубот од „Сан Сиро“ па сега се шпекулира дека Роберто Де Зерби, стратегот на Брајтон би можел во јуни да седне на клупата на “росонерите“.
Се говори дека ако сега Пиоли добие отказ, тогаш до крајот на сезоната тимот на Милан би го водел Игнацио Абате, некогашен фудбалер на овој клуб, а потоа во јуни би се нашло адекватно решение од типот на Конте или Де Зерби.