МЗТ Скопје е најдобариот тим за 2023, изненадување во изборот за тренер на годината!

357

КФСМ денеска традиционално ќе ги прогласи најдобрите за годината која изминува. Ќе бидат доделени признанија во 19 категории. Наградата за најдобар сениорски тим оди во рацете на МЗТ Скопје кој доминираше во 2023 година, ја одбрани титулата, го освои Купот на Македонија и Супер-Купот.

За најдобар кошаркар ќе биде прогласен Војдан Стојановски, кој беше клучниот играч во сите големи успеси на тимот од Аеродром.

Изненадувачки резултат има во категоријата на најдобар тренер, иако Пелистер не освои ништо, сепак Марјан Илиевски ќе го понесе признанието.

Најдобар странски кошаркар е Ненад Димитријевиќ, кој со Уникс ја освои титулата во ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалето. Најдобра кошаркарка која настапува во странство е Анжелика Митрашиновиќ.

 

ПретходноНајлошиот тим во Премиер лигата за сезоната 2023/24
СледноМакедонската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски меч со Хрватска