Милан ја има најлошата одбрана во клупската историја!

65

Ако 2022 беше фантастична за тимот од „Сан Сиро“, кога беше шамшион во Серија А, тогаш оваа 2023 година сите во Милан сакаат што побргу да се заборави.

А има и тоа како зошто.

Имено Милан во оваа година има примено најмногу голови во својата клупска историја, и тоа 64 на сите натпреварувања. Ова досега никогаш не му се случило на гигантот од Милано. Ова е негативен клупски рекорд, се разбира откако се води официјална статистика.

А овој скор може да биде и полош. Во сабота Милан игра против Салернитана на свој терен и постои шанса таа бројка од примени рекордни 64 голови во 2023 година, да биде зголемена.

ПретходноСуперлигата гарантира инвестиции од 15 милијарди евра за три години!
СледноОвен со порака до Белингем: Никогаш нема да бидеш како Џерард или Лампард!