Џуд Белингем во моментов е еден од ТОП-3 фудбалери во светот. Игра фантастично во Реал Мадрид, од него Англичаните очекуваат да ја поведе својата селекција на претстојното ЕУРО 2024 и до пехарот.
Сепак се чини дека има некои кои не се баш толку воодушевени од перфомансите на младиот офанзивен играч за врска.
Пред се тука мислиме на Мајкл Овен, некогашната голема ѕвезда на Ливерпул и Реал Мадрид, како и на селекцијата на Англија:
“Дури и ако ги освои ЛШ, Ла Лига и ЕУРО 2024, нема да биде како Џерард или Лампард. Едноставно Белингем не е на нивното ниво. Да, може да дојде до `Златната топка` ако ги освои сите овие трофеи, но никогаш нема да биде иста класа како Џерард и Лампард“ истакна Овен.