Само одредени личности можат да го посетат Шумахер, Корина има посебни правила

237

Поминаа десет години откако Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Франција. Формула 1 великанот беше тешко повреден, преживеа, но неговата состојба не е позната на јавноста. Сопругата на Михаел, Корина со години дава цврсти изјави, но строго контролира и кој смее да се гледа со Шумахер.

Неговиот поранешен колега од Ферари, Лука Бадоер, за британскиот таблоид „The ​​Sun“ изјави дека само одредени луѓе смеат да го посетат Шумахер и дека Корина е таа која одлучува кој може да влезе, а кој не. „Тaa го прави сето тоа за доброто на семејството“, рече Бадоер.

По несреќата, Михаел Шумахер (54) шест месеци бил во кома. Лекарите се бореле за неговиот живот во болница во Гренобл, а тој долго време бил во индуцирана кома пред да се врати во семејната куќа во Швајцарија. Оттогаш тој не е виден во јавноста, многу малку се знае за неговото здравје, а неговото семејство ја штити неговата приватност.

ПретходноИ Де Зерби во “игра“ за тренер на Милан!
СледноСилекс главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Охрид!