„Чеканите“ славеа на „Емирати“, Ливерпул лидер со два бода предност (ВИДЕО)

285

Вест Хем направи изненадување победувајќи на „Емирати“ против Арсенал со 2:0 во последниот меч од 19. коло од англиската Премиер лига.

На ваквиот исход најмногу се радуваше Ливерпул кој ја задржа предноста од два бода во однос на второпласираниот Арсенал. Вест Хем дојде до десетта победа сезонава за пробив на шестото место на табелата со 33 бода.

Од 13. минута „топчиите“ беа во негатива, кога Соучек на асистенција на Бовен погоди за водство на Вест Хем (ВИДЕО). Тој гол го одбележа првото полувреме поради очигледната спорна ситуација.

По десет минути игра во второто, Мавропанос ја удвои предноста на „чеканите“ (ВИДЕО). Домашните се обидоа да возвратат, создадоа неколку шанси, но без да ги реализираат, додека во последните секунди од натпреварот Вест Хем имаше и пенал кој Бенрама не успеа да го реализира.

ПретходноАко играат во Суперлигата, италијанските клубови нема да добијат лиценца за Серија А!
СледноОвој човек е чудо: Перфекција на Јокиќ, уште еден трипл-дабл и 11/11 шут од игра! (ВИДЕО)