Екс-голман на Реал и Милан се откажа од фудбалот на 42 години

189

Во 42-тата година од професионалниот фудбал се повлекува голманот Диего Лопез, поранешниот член на Реал Мадрид, Виљареал, Милан и Еспањол. Лопез остави белег во Виљареал, беше дел од тимот кој стигна до полуфиналето на ЛШ, а по неуспешна сезона во Севиља доби шанса да брани во првиот тим на Реал во наредните две години.

Тогаш го освои шпанскиот Куп, но и ЛШ. Потоа две години беше во Милан, па во следните шест сезони бранеше за Еспањол. Минатата година ја „грееше“ клупата на Рајо Ваљекано, а сега на 42-години реши да каже „ДОСТА“.

 

ПретходноЛазаров: Задоволен сум од момците, игравме против силен противник!
СледноНури Сахин и Свен Бендер се асистенти на Терзиќ во Борусија