Македонската ракометна репрезентација денеска го игра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија.
Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат селекцијата на Црна Гора (12 часот). Предводникот на нашиот национален тим денеска ќе има шанса да ги провери сите расположливи сили, во договор со селекторот на Црна Гора, Владимир Шола, ќе се играат три пати по 30 минути.
Македонската експедиција во Скопје се враќа утре, Лазаров на ракометарите ќе има даде три дена слободни, подготовките ќе продолжат на втори јануари. Пред заминувањето за Дизелдорф (првиот град домаќин на нашата група), „црвено-жолтите“ ќе одиграат уште две контролни средби против Грција во Скопје (4 и 5 јануари).
Македонија ја чека тежок јануарски предизвик, ќе ги одмери силите против Франција, Германија и Швајцарија.