Модриќ VS Роналдо: По Македонија, Хрватска си закажа пријателска и со Португалија!

114

Како што утринава објавуваат медиумите во Хрватска, во пресрет на ЕУРО 2024, ќе може да се проследи спектакл и тоа Модриќ против Роналдо во пријателски натпревар.

Познато е дека во Ријека на 3 јуни, избраниците на Златко Далиќ ќе ја тестираат формата против нашата селекција, а потоа како “генералка“ ќе одиграат и против Португалија.

Секако дека во преден план ќе бидат двете големи ѕвезди Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, некогашни соиграчи од Реал Мадрид.

ПретходноГотово е: Јетон Беќири на клупата на Шкендија!
СледноПОВЕЌЕ ОД 262 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАЈ ИГРАЧИТЕ на 2win.mk ДОБИВКИ И НАГРАДИ ВО 2023