Нема запирање – Роналдо си поставил неверојатни цели

437

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинес објави дека возможно е Кристијано Роналдо да игра и до 2026 година. Тој тврди дека фудбалерот на Ал Наср сака да одигра 250 натпревари за националниот тим и за да се случи тоа ќе му требаат уште три години. Во моментот тој има 205 натпревари во португалскиот дрес.

Роналдо игра за Португалија од 2003 година и до сега има 128 гола. Иако Мартинес не го објави официјално ова, има уште една причина Роналдо да игра на Мундијалот во САД, Канада и Мексико и тоа е бројот на голови. Во кариерата тој запишал 872 гола на официјални натпревари, а сигурно нема да ја пропушти можноста да стигне до бројката 1000 голови.

ПретходноНури Сахин и Свен Бендер се асистенти на Терзиќ во Борусија
СледноАјверсон: Брајант и Џордан се најдобри на сите времиња, Леброн зад нив