По мечот меѓу Евертон и Манчестер Сити, семејството на Џек Грилиш се соочило со голема непријатност. Иако во вилата на фудбалерот биле сите освен него, во тие моменти влегле криминалци и си “однеле“ вредни работи, како скапоцен накит и часовници во вредност од повеќе од милион евра. Интересно е тоа што додека се случувал грабежот, блиските на Грилиш не го приметиле тоа, но подоцна откако пријавиле веднаш била пратена специјлна полициска група и плус хеликоптер.
Засега не се фатени ограбувачите.