Фудбалер на Борнмут е болен од маларија, нема да игра на Африканскиот куп на нации

102

Фудбалерот на Борнмут, Хамед Траоре, е во болница откако се заразил со маларија. Тој сега ќе мора да го пропушти претстојниот Африкански куп на нации.

Веста ја потврди неговиот тренер од англискиот клуб.

„Тој беше во болница, но сега излезе и повторно е со нас, но од спортска гледна точка, тој ќе биде надвор од терените уште некое време“, рече Ираола.

Траоре не беше повикан во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска за Африканскиот куп на нации, кој ќе се одржи во неговата татковина од 13 јануари до 11 февруари.

Траоре сега ќе мора долго време да одмара и да направи бројни лекарски прегледи.

ПретходноЛиверпул го чекаат најмалку шест меча без Салах: Ќе се снајдеме, ова се случуваше и порано!
СледноЛорис заминува од Тотенхем, следна дестинација САД