Натпреварот од Суперкупот на Турција кој требаше да се одигра денеска во Ријад, Саудиска Арабија и официјално е одложен!
Он ашто се најавуваше во текот на денот се реализираше. На еден час до финалето, играчите на Фенер и Галата најавија дека ќе излезат на мечот со маички со ликот на кемал Ататурк, но очигледно организаторите во С. Арабија тоа не го дозволија.
Шокирани од дрскоста на Саудијците, играчите решија да не играат. Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот официјално е откажан и дека ќе се игра во друг период и на друго место.
Организаторите на натпреварот во Саудиска Арабија не им дозволија на играчите на Фенер и Галата да влезат на теренот облечени во дресови со ликот на Кемал Ататурк во чест на 100-годишнината од основањето на Турција.