Лазаров: Задоволен сум од момците, игравме против силен противник!

1952

Македонската ракометна репрезентација со победа над Црна Гора го затвори првиот дел од подготовките за настап на ЕП 2024 година. Избраниците на Кирил Лазаров во Стара Пазова ја совладаа Црна Гора со 54-51. Селекторите на двете репрезентации се договорија да одиграат три полувремиња.

Лазаров е задоволен од борбеноста на играчите и нивната желба.

„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.

Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар.

Играчите ќе добијат заслужен одморот. Со работа продолжуваме на 2. Јануари“, изјави Кирил Лазаров.

Ракометарите утре се враќаат во Скопје, со подготовките ќе продолжат на втори јануари.

ПретходноОдермат најдобар во супервелеслаломот во Бормио
СледноЕкс-голман на Реал и Милан се откажа од фудбалот на 42 години