Ливерпул го чекаат најмалку шест меча без Салах: Ќе се снајдеме, ова се случуваше и порано!

297

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во јануари ќе биде без најдобриот стрелец на тимот Мохамед Салах, но е убеден дека може да најде соодветно решение меѓу напаѓачките опции со кои располага.

Салах ќе биде вклучен со репрезентацијата на Египет на Африканскиот куп на нации и заминува веднаш по мечот со Њукасл на 1 јануари. Овој натпревар ќе го означи почетокот на серијата од најмалку шест натпревари, без Салах.

„Ова не е првпат да имаме ваков случај. Нормална ситуација е да го изгубиш својот најдобар стрелец, но ние бевме во полоша ситуација во минатото кога отсуствуваа и Салах и Садио Мане. Тогаш некако успеавме да се снајдеме, а обично еден од нив одеше доста далеку на турнирот, што отежнуваше уште повеќе. Знаевме дека Салах ќе мора да патува и Ватару Ендо ќе биде на турнирот во Азискиот куп (кој се игра во исто време), така што таква е ситуацијата. Ќе мора да се справиме со тоа“, изјави Клоп.

ПретходноТен Хаг: Не сум се видел со Ретклиф, но сигурен сум дека нема да ме смени
СледноФудбалер на Борнмут е болен од маларија, нема да игра на Африканскиот куп на нации