Македонија денеска на тест со Црна Гора

156

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија.

Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат селекцијата на Црна Гора (12 часот). Предводникот на нашиот национален тим денеска ќе има шанса да ги провери сите расположливи сили, во договор со селекторот на Црна Гора, Владимир Шола, ќе се играат три пати по 30 минути.

Македонската експедиција во Скопје се враќа утре, Лазаров на ракометарите ќе има даде три дена слободни, подготовките ќе продолжат на втори јануари. Пред заминувањето за Дизелдорф (првиот град домаќин на нашата група), „црвено-жолтите“ ќе одиграат уште две контролни средби против Грција во Скопје (4 и 5 јануари).

Македонија ја чека тежок јануарски предизвик, ќе ги одмери силите против Франција, Германија и Швајцарија.

ПретходноЗакажана уште една пријателска: Македонија на 10 јуни и гостува на Чешка!
СледноСкандал пред АКН: Зарем овој фудбалер има само 17 години?! (ФОТО)