Македонија подобра од Црна Гора по 60.минути! (ФОТО)

344

Нашата ракометна селекција на денешната контрола против Црна Гора успеа по 60.минута да слави со 39:37 (22:17). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги добија првите две полувремиња, договорот беше да се игра и трето, сите по 30.минути, но мечот според црногорската федерација беше заклучен со овој резултат од 39:37 за Македонија.

Ова беше добра контрола за нашите момци кои ги очекува и настап на ЕУРО 2024, како што е познато ние сме во група со Франција, Германија и Швајцарија.

До почетокот на ЕП, нашата репрезентација ја чека и две пријателски средби со Грција на 4-5 јануари.

No description available.

No description available.

ПретходноФлекс Кредит успешно ја завршува 2023 година со новагодишна прослава
СледноСагата заврши – Анчелоти на кормилото на Реал до јуни 2026!