На денешен ден: Една деценија од несреќата на Михаел Шумахер!

210

Тој 29 декември 2013 година со црни букви е запишан од фановите на Михаел Шумахер, од сите фанови на Формула 1 а најмогу од неговите најблиски. Имено во Мерибел (Франција), тогаш пензионираниот возач на Ф1 при рекраетивно скијање доживеа несреќа, повреда на главата. И од тогаш па до сега, а мина точно една деценија светот буквалнио ништо не знае за легендарниот Германец. Буквално ништо, се знае само дека е под стриога контрола на докторите и неговата сопруга Корина, и дека тој преживува.

Сепак вистински и официјални информации за неговата здравствена состојна нема. Сите можни инсајдерски и сензационалистички информации мора по некоклу пати да се проверат, и најчесто излегуваат дека се чисти шпекулации.

Треба да се каже дека Михаел е еден од најголемите возачи на Ф1 во историјата. Во својата кариера возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес.

Седумкратен светски првак во 19 сезони на 307 трки и 91 победа. Вкупно 155 пати се најде на подиумот и до појавата на Луис Хамилтон тој беше нај, нај во светот на Ф1.

Претходно“Бомба“ од Италија: Мурињо и Алегри се селат во С. Арабија! (ФОТО)
СледноМеси се пофали со своите стомачни мускули, Роналдо веднаш врати! (ФОТО)