Нури Сахин и Свен Бендер се асистенти на Терзиќ во Борусија

152

Борусија Дортмунд назначи нови помошници на тренерот Един Терзиќ. Во новата година со „жолто-црните“ ќе работат Нури Сахин и Свен Бендер. Тие се асистенти на Терзиќ, а доаѓаат на местото на Армин Ројтершан кој замина на свое барање.

Свен Бендер е поранешен играч на Борусија Дортмунд и на Баер Леверкузен. Од фудбалот се откажа во 2021 година, а беше асистент во У16 репрезентацијата на Германија.

Сахин е поранешен турски репрезентативец, играше за Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Ливерпул, Вердер и Анталија. Беше тренер и на Анталија пред да се врати во Дортмунд.

ПретходноЕкс-голман на Реал и Милан се откажа од фудбалот на 42 години
СледноНема запирање – Роналдо си поставил неверојатни цели