Одермат најдобар во супервелеслаломот во Бормио

70

Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник на денешниот супервелеслалом во Бормио во Светскиот куп во алпски дисциплини. За 26-годишниот Одермат ова е 11-та победа во супервелеслаломот и општо 28. во Светскиот куп, а четврта оваа сезона.

Двојниот носител на „Големиот кристален глобус“ имаше време од 1:27.72 минути, оставајќи ги зад себе Австриецот Рафаел Хазер и Александар Омод Килде од Норвешка. Лидерот во генералниот пласман Одермат остана втор во спустот во четвртокот, но денеска беше одличен во супервелеслаломот.

За Хазар, кој заврши со 0,98 секунди послабо време од Одермат, втор пат се качува на подиумот во СК. А Килде заостануваше 1,31 секунда.

Победникот од спустот Сиприен Саразен (Франција) пропушти врата и не успеа да ја заврши трката. Друг од фаворитите Винсент Крихмаер заврши четврти.

Во генералниот пласман води Марко Одермат со 636 бодови, а Марко Шварц кој се повреди на вчерашниот спуст и ќе го пропушти остатокот од сезоната, засега останува втор со 464 бодови, а трет е Килдер со 240 бодови.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Михаилов на кормилото на Вардар!
СледноЛазаров: Задоволен сум од момците, игравме против силен противник!