Тен Хаг: Не сум се видел со Ретклиф, но сигурен сум дека нема да ме смени

297

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е убеден дека ќе ја задржи функцијата во тимот и покрај промената на сопствениците. Англискиот гигант на 24 декември објави дека е постигнат договор Сер Џим Ретклиф и неговата компанија ИНЕОС да купат 25% од акциите во клубот.

„Распоредот е многу густ, така што сè уште немав време да разговарам со нив, но тој момент ќе дојде и со нетрпение го чекам. Тие сакаат да работат со мене, јас сакам да работам со нив. Ќе имаме разговори, состаноци, па ќе видиме“, изјави Холанѓанецот.

ПретходноНаполи не успеа да ја победи ни Монца, Фиорентина со „минималец“ до три бода
СледноЛиверпул го чекаат најмалку шест меча без Салах: Ќе се снајдеме, ова се случуваше и порано!