Шифрин ја затвори 2023-та со 93. победа во Светскиот куп

98

Американката Микаела Шифрин е последната победничка во Светскиот куп алпско скијање за календарската 2023 година. Таа попладнево триумфираше на слаломот од Светскиот куп во Линц, Австрија со две најбрзи трчања.

Со одличното финале, Шифрин ја освои 93-та победа во Светскиот куп, 56-та во слалом.

На второто место на подиумот се најде Германката Лена Дир (+2,34), а трета беше Швајцарката Мишел Гисин (+2,45).

Скијачките продолжуваат во Крањска Гора, каде на 6 и 7 јануари ќе се одржат трките во велеслалом и слалом.

ПретходноГерманецот Велингер победник на првата скокалница од новогодишната турнеја (ВИДЕО)
СледноНаполи не успеа да ја победи ни Монца, Фиорентина со „минималец“ до три бода