Пред мечот со Мемфис, најдобриот кошаркар во НБА и член на Денвер, Никола Јокиќ, утринава ја доби најубавата и најмила прегратка. И тоа од својата ќеркичка. Имено по завршување на загревањето, Србинот замина кон својата соблекувална а потоа следуваше средба со својата ќеркичка, секако најмила прегратка и бакнеж. Можеби ова му беше дополнителен стимул на Јокиќ да дојде до историја, до нов трилл-дабл и тоа без промашување во шутевите од игра.
Melts your heart 🥹 pic.twitter.com/bF1UThrFi3
— Denver Nuggets (@nuggets) December 29, 2023