Џенова му „украде“ бод на Интер, Лацио со пресврт до победа

127

По серија од четири победи, Џенова успеа да го запре Интер (1:1) пред своите фанови вечерва во еден од натпреварите во последното коло за календарската 2023. Џеновјаните одиграа одличен, борбен меч и сосема заслужија бод.

Интер поведе со голот на Арнаутовиќ во 42. минута, но во долгата завршница на првото полувреме домашните искористија една шанса и Драгушин успеа да ја затресе гостинската мрежа. Иако Интер имаше повеќе од играта, до крајот резултатот не се промени.

Лацио со пресврт дојде до победа над Фросиноне. Иако на полувреме беше 0:0, гостите успеја со гол од пенал да поведат со 0:1 во 57. минута. Тоа не ги поколеба домашните, кои за само две минути направија комплетен пресврт. Во 71. минута кастеланос израмни на 1:1, а веќе во следната минута Исаксен го донесе Лацио до 2:1.

Конечниот резултат во 84. минута го постави Патрик.

ПретходноЛорис заминува од Тотенхем, следна дестинација САД
СледноБешикташ се понуди да го организира Суперкупот: Дојдете со турски знамиња и маички со ликот Ататурк!