Една година без Пеле!

64

На денешен ден пред една година, поточно на 29 декември 2022 година, фудбалскиот свет ја потресе веста дека Пеле починал на 82 години. Болеста долго го мачеше, на крајот не успеа во таа последна битка и си замина според некои најголемиот фудбалер во историјата на фудабалот.

Велат дека пред него “десетката“ беше само број, а по него таа е статусен симбол и ја носат само нај, нај во секоја екипа.

Пеле беше и остана икона, како во Бразил така и во светот. Бразилецот беше симбол на доброто. Сиромашното дете се вивна на врвот на светскиот фудбал. Според многумина тој беше и остана КРАЛОТ на фудбалот.

Пеле го промени фудбалот. Со својот однос, со својата посветеност, со трите титули светски првак со Бразил.

Пред него фудбалот беше само спорт, со него и по него тој стана и забава, но и уметност како и филозофија.

Пеле не е само на Бразил, Пеле е на целиот свет.

Пеле си замина, но неговата магија, додека овој свет постои каков што го познаваме, ќе постои и тоа како.

Еден и единствен…Едсон Арантес до Насцименто или само ПЕЛЕ.

ПретходноНеверојатно: Ова е промашување на годината, на деценијата…! (ВИДЕО)
СледноНури Сахин се враќа во Дортмунд, сега како тренер!