Покрај тестот со Хрватска во Ријека на 3 јуни, нашата најдобра фудбалска репрезентација си закажа уште една ваква пријателска средба. И тоа на 10 јуни на гости кај Чешка, уште еден силен ривал инаку учесник на претстојното ЕУРО 2024.
„Да, точно е дека ќе имаме тест и со Чешка. Треба само и официјално да се поврди и секако да се потпише. Сепак мислам дека може да се каже дека на 10 јуни и гостуваме на Чешка. Тоа ќе биде уште една одлична проверка за нашите можности со силен ривал. Во план е одигрување на пријателска и со Молдавија во март, и тој меч треба дефинитивно да се дефинира“ ни изјави селекторот Благоја Милевски.