Фудбалерите на италијанскиот шампион Наполи не успеаја да ја завршат 2023 година со победа во Серија А. Во последниот меч за нов во календарската година, одиграа само 0:0 на домашен терен против екипата на Монца со што ја продолжија кризата во последнит епет првенствени меча во кои имаат само еден триумф.
Вечерва Наполи може да биде и среќен што освои бод, бидејќи гостите имаа голема шанса и за победа, но Песина во 68. минута не успеа да погоди од белата точка.
Во вториот меч од последното коло за 2023 година, Фиорентина на домашен терен славеше со минимални 1.0 против екипата на Торино. Голот за победа беше постигнат во 83. минута, а автор беше Раниери.
Standings provided by Sofascore