Овој човек е чудо: Перфекција на Јокиќ, уште еден трипл-дабл и 11/11 шут од игра! (ВИДЕО)

604

Никола Јокиќ е чудо. Овој човек е фантастичен, совршен, едноставно од ова не се може подобро. Србинот утринава на мечот за својот Денвер против Мемфис, се впиша во историјата. За само три четвртини дојде до трипл-дабл. Реализира 26 поени, имаше 14 скокови и 10 асистенции. Но внимавајте, сето ова без ниту едно промашување. И тоа 11/11 шут од игра од кои една тројка и 3/3 од слободни фрлања. Ова му се случува по третпат во кариерата со што го мина и еден Вилт Чембрлен.

Ова за Јокиќ беше 116 трипл-дабл во својата НБА кариера. Нормално, шампионот победи со 142:105.

Перфекција.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Бостон – Детроит 128:122, Чикаго – Индијана 104:120, Минесота – Далас118:110, Њу Орлеанс – Јута 112:105, Голден Стејт – Мајами 102:114, Портланд – Сан Антонио 105:118, ЛА Лејкерс – Шарлот 133:112.

Претходно„Чеканите“ славеа на „Емирати“, Ливерпул лидер со два бода предност (ВИДЕО)
СледноСкандал: Криминалци ја ограбиле вилата на ѕвездата на Сити, штетата е милионска!