Нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар го потврди Горазд Михаилов за нов тренер на екипата. Ова го потврдија и од црвено-црниот табор. Неодамна Михаилов си замина од Силекс по цели 2,5 години на клупата на кратовскиот клуб и веднаш најде нов ангажман, а тоа е кормилото на Вардар.
Всушност Силекс и Вардар направија рокада на тренерската позиција. Пред само два дена Александар Васоски го напушти црвено-црниот табор и седна на клупата на Силекс, а од таму дојде Михаилов.
Михаилов ќе има сериозна задача затоа што „црвено-црните“ се во незавидна позиција и во моментов го држат „фенерот“ во Првата фудбалска лига.