Саудијците нема да се расфрлаат со засилувања за Њукасл оваа зима

161

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау откри дека тимот нема намера да донесе многу нови играчи во јануари за да стави крај на лошиот настап во средината на сезоната.

„Страчките“ се во сопственост на газди од Саудиска Арабија, кои инвестираа околу 400 милиони фунти во четирите преодни рока од преземањето на клубот, а Хау призна дека не очекува дополнителни екстра финансии во јануари. Запрашан дали му биле дадени гаранции за повеќе средства за преодниот рок, тој рече: „Не, немавме такви гаранции“.

ПретходноВојната во Украина зема уште еден живот: Загина поранешен кошаркарски репрезентативец
СледноГерманецот Велингер победник на првата скокалница од новогодишната турнеја (ВИДЕО)