Ињаки за одлуката да игра за Гана: Знаев дека Енрике намаше да ме повика

179

Крилниот фудбалер на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс го продолжи договорот со баскискиот клуб do 2027 година, а по новогодишните празници заминува на Африканскиот куп на нациите. Тој претходно одигра еден меч за Шпанија, а потоа одлучи да ја смени репрезентацијата и ги откри причините.
На таквата одлука влијаат повеќе фактори. Не очекував повик од Луис Енрике во шпанскиот национален тим. Под раководство на Лопетеги и Дел Боске бев на листата. Знам дека секогаш не бев во оптимална форма, но долго време не бев повикан ни да тренирам. Од друга страна, селекторот си има свои причини да не ме повика и не навлегувам таму. Ми се отвори можност да играм за Гана. И горд сум што ја одбрав оваа репрезентација“, изјави Вилијамс за шпански „АС“.

На 29 мај 2016 година, Ињаки одигра 30 минути за Шпанија на пријателскиот меч со БиХ. Потоа беше игнориран од националниот тим, па ја смени репрезентацијата.
Неговиот помлад брат, Нико Вилијамс одлучи да игра за Шпанија.
Ињаки веќе има 13 настапи за Гана, а Нико 11 меча за Шпанија.

ПретходноЕлмас и Столе се најдоа во екс-ју „Идеалниот тим за 2023“
СледноШампионот на два бода од врвот, Астон Вила се израмни со Ливерпул