Лорис по 11 години го напушти Тотенхем

184

Крај на една ера во Тотенхем. Искусниот француски голман Уго Лорис ги смени клупските бои. По 11 години поминати во Тотенхем, поранешниот репрезентативец одлучи да го напушти Лондон и да замине во ФК Лос Анџелес во МЛС лигата.
Лорис беше осум години капитен на „спарси“, одигра 447 мечеви во сите натпреварувања и има статус на легенда. Сепак, под раководство на новиот тренер не е во плановите, па договорот е раскинат на обострано задоволство иако тој имаше договор до јуни 2024 година. 37-годишниот Лорис од понеделник ќе стане член на ФК Лос Анџелес.
Претходно Лорис одбил понуди од Лацио, Ница и од клубови од Саудиска Арабија. Пред Тотенхем бранеше за Лион.

ПретходноВинисиус ги истетовира на грбот: Пеле, Џордан, Коби и Мохамед Али
СледноИнтер го продолжи договорот со еден од стандардните дефанзивци