Резервен голман мораше да игра како напаѓач: Му се посреќи – постигна гол од 30 метри (ВИДЕО)

527

Натпреварот помеѓу Арброт и Р.Роверс во 18. коло во шкотската втора лига понуди неверојатен гол, истиот го постигна резервниот голман на Арброт, Али Адамс. Тој го започна натпреварот на клупата за резерви, но во 56. минута беше принуден да влезе во игра, како напаѓач. Имено, неговиот клуб имаше само четворица играчи на клупата, а претходно веќе направи три измени.

Со повреди дефанзивецот Арон Стил, некој мораше да го замени на теренот. Адамс беше единствената опција.

Во 61. минута од натпреварот Арброт заостануваше 2:0, а потоа во 78. падна гол кој ги врати во живот и тој беше ремек дело на Адамс. Овој 32-годишник сезонава нема одиграно ниту еден натпревар, шутираше од 30 метри и постигна чудо. До крајот на натпреварот неговиот тим израмни.

ПретходноНаполи преговара со Арсенал за позајмица на Томиасу
СледноНестварен крај на годината за Кристијано Роналдо (ВИДЕО)