Цупара отворено: Ракометните судии местат мечеви, нам ни „украдоа“ победата против Хрватска!

1649

Голманот на Динамо Букурешт, Владимир Цупара ќе биде еден од најсилните адути на српската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство 2024. Србија е во група со Исланд, Унгарија и Црна Гора.

Тој во подкаст зборуваше за влијанието на судиите на крајниот исход на еден ракометен меч.

„Судиите можат да наместат меч без проблем. Во ракометот и ватерполото, судија со три одлуки буквално може да го промени текот на играта“, изјави Чупара.

Тој го наведе примерот на натпреварот меѓу Хрватска и Србија на ЕП 2020 во Унгарија, за кој смета дека Србија требало да победи.

„Се сеќавам на еврото во Унгарија кога игравме против Хрватска, мислам дека судиите навистина ни ја одземаа победата. Загубивме со три разлика. Игравме во време на корона, навистина се боревме и тоа беше тежок натпревар. Судиите беа германски , навистина не се поздравивме кога се сретнавме. И јас после тоа дадов изјава и мислам дека оттогаш немам добри односи со нив. Реков дека директно влијаеле на исходот“, рече тој.

ПретходноНБА акција во креација на Ненад Димитријевиќ (ВИДЕО)
СледноМагнус Карлсен ја потврди класата: Нова двојна светска титула за Норвежанецот