По очајните настапи во минатиот шампионат, Бока Јуниорс одлучи да сврти нов лист. По финалето во Копа Либертадорес (пораз од Флуминенсе) отказ доби тренерот Хорхе Алмирон, потоа претседателската функција ја презема легендарниот Диего Роман Рикелме.
Па на клупата седнува Диего Мартинез, непознато име за Европа со оглед на тоа дека цела кариера работел во Јужна Америка, а како фудбалер играл во Јужна Америка и во грчките клубови Пиерикос и Диагора.
Договорот е до 31 декември 2025 година .
Мартинез ја почнал кариерата во нисколигашите Итузаинго, Кањуелас, Комукасионес, Мидленд и Естудијантес од Буенос Аирес. Потоа следува посериозни ангажмани во Годој Круз, Тигре и Хуракан со кого стигна до четвртфиналето во Лига купот пред четири недели.
Инаку Мартинез веќе работел со младинскиот тим на Бока Јуниорс.