Горазд Михаилов: Чест и задоволство е да се биде тренер на Вардар, доаѓам во најтрофејниот клуб во Македонија!

775

Она што “СпортСпорт“ пред неколку дена прв го најави, вчера доби и потврда. Горазд Михаилов (49), некогашен фудбалер, а сега еден од нашите најдобри стратези, е нов шеф на стручниот штаб на Вардар. Екс стратегот на Тетекс, Пелистер, Охрид, Борец, Силекс, ќе ја води “црвено-црната“ чета во следниот период.

За “СпортСпорт“ новиот тренер на Вардар ги сподели очекувањата, секако и задоволството од тоа што добива шанса на клупата на нашиот најтрофеен клуб:

“Ми причинува голема чест и задоволство што ете после толку години се враќам на местото каде започна мојата фудбалска приказна. Доаѓам во најтрофејниот клуб на Македонија, со најбројната навивачка група, клубот на народот и знам дека нема да биде лесно“ вели Михаилов.

Не е тајна дека Михаилов е донесен да го спаси тимот од испаѓање, тука нема дилеми. Тешко ќе биде, но тој е познат по тоа што е голем борец, што верува во себе. Така и треба, така размислуваат победниците:

“Сите сме свесни дека не чека  голема битка за опстанок, но верувам во луѓето кои го водат Вардар. Во овие моменти голема благодарност до нив, за нивната неизмерна поддршка и поддршката од Комити. Верувам во сопствените квалитети и верувам дека сите што го сакаат Вардар ќе дадат поддршка да обезбедиме опстанок. Реалноста е таа, но нема предавање, ќе одиме чекор по чекор до целта“ изјави новиот тренер на Вардар, Горазд Михаилов.

ПретходноБешикташ се понуди да го организира Суперкупот: Дојдете со турски знамиња и маички со ликот Ататурк!
СледноЈокиќ сопрен, Денвер убедливо поразен (ВИДЕО)