Манчестер Јунајтед е поразен на гостински терен од Нотинген Форест со 2-1 во рамките на 20 коло во Премиер-лигата. Избраниците на Ерик Тен Хаг не успеаја да приредат ново чудо како во минатото коло, да се вратат од негатива и да дојдат до победа.
Домашниот состав во 64. минута поведе со голот на Домингез, но Рашфорд успеа да израмни на 1-1 во 78. минута. Четири минути подоцна, Јунајтед прими гол, овој пат стрелец на погодокот за домаќинит беше Гибс Вајт.
Главниот судија одлучи да се одиграат дополнителни десет минути, во кои не се промени ништо.
По овој натпревар Манчестер Јунајтед е седми со 31 бод и -5 голови разлика што е неверојатно. Нотингем Форест е 15-ти со 20 бодови и ова е голема победа за нив во борбата за опстанок.