Интер го продолжи договорот со еден од стандардните дефанзивци

109

Лидерот во италијанскиот шампионат Интер објави дека го продолжил договорот со еден од најдобрите свои дефанзивци Федерико Димарко. Новата соработка е потпишана до 30 јуни 2027 година.
Димарко е роден во Милан и уште од 7 години е во редовите на Интер. Го поминал младинскиот сектор, потоа дебитираше за првиот тим на 11 декември 2014 година. Во Серија А дебитираше во мај 2015 година.
Потоа играше како позајмен во Асколи, Емполи, кратко беше во Сион, беше на позајмица во Парма, па две сезони во Верона и во 2021 година се врати во Интер од кога игра стандардно. Оваа сезона постигна 3 гола во 21 настап во сите натпреварувања, а потоа се повреди и паузира.
Во 2022 година заигра за италијанската репрезентација и до сега има 16 настапи и два гола.

ПретходноЛорис по 11 години го напушти Тотенхем
СледноИталијанскиот парламент го укина „бекамовиот закон“, клубовите стравуваат од најлошото